Данило Брестовац, актуелниот селектор на младата ракометна репрезентација на Македонија, потпиша три годишен договор со Металург. Со овој потпис тимот од Автокоманда стави крај на ерата на Лино Червар, иако хрватскиот стратег минатата сезона речиси и не се појави во клубот.
На промоцијата, Брестовац му се заблагодари на сопственикот на Металург, што по три години повторно го вратил во клубот и вети дека клубот ќе остане лидер во регионот, во работата со младите категории.
„Не сум магионичар, не сум Дејвид Коперфилд и поради тоа не можам да ветам чуда. Можам да ветам напорна работа. Можам да ветам дека Металург ќе остане лидер во регионот, во работата со младите категории, од кои би профитирал македонскиот ракомет и репрезентацијата. Искуството од Шамбери и современите методи ќе се обидеме да ги примениме тука, за да можеме да продуцираме квалитетни играчи“, рекол Брестовац.
Данило Брестовац, пред четири години му пеше помошник на Лино Червар во Металург, пота две години работеше како помошник на Ивица Обрван во француски Шамбери, а минатат година беше тренер во Диферданж од Луксембург.