Top Sport

Брестовац за Топспорт: Целта е да го минеме првиот круг (Видео)

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија Данило Брестовац со своите избраници ќе ги започне подготовките за Европското првенство . Репрезентативците првиот собир ќе го имаат денес во 13 часот во хотелот Александар Палас.

Наредната недела Македонија ќе одигра четири контролни натпревари. Првите два се на 25 и 26 декември во белград против Кувајт.

Потоа репрезентацијата се сели во Романија на „Трофеј Карпати“, каде уште ќе настапат Романија, Алжир и Холандија.

Македонија на 28 декември од 16 часот ќе игра против Алжир, а ден подоцна во зависност од резултатот против Алжирците ќе играза првото или третото место.

На „Трофеј Карпати“ селекторот Брестовац реши да игра со подмладен состав, без нашите најголеми ѕвезди.

Во врска со почетокот на подготовките, очекувањата на „Трофеј Карпати“ и желбите за Европското првенство селекторот Брестовац говореше за „Топспорт“.

фото/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top