Хрватска го доживеа еден од најголемите порази во својата славна ракометна историја, откако во меч кој мораа да го добијат за четврт-финале, загубија со 12 гола разлика (38:26) од Данска, но селекторот во заминување, Лино Червар вели дека не се работи за некаков неуспех, туку за реална состојба во репрезентацијата.
„Во првото полувреме игравме добро, одбраната не беше толку силна, но изддржавме. Потоа ни недостасуваше сила и не одеше. Честитки за момците, се трудеа и тие кои играа помалку, но Данска беше едноставно подобра. Ова не е неуспех, туку е реална состојба. Ја само би кажал нешто. Кога сакам некого кој не сака, тоа не е некој успех. Треба да ги сакаме луѓето кои не не сакаат, кои сакаат да не понижат и минимизираат, но тоа не е добро. Не може да ни биде подобро без милосрдие, тоа е важно за нашата иднина“, заврши филозофски Червар.
Сега во Хрватска секако ќе следуваат бесконечни расправии и дискусии околу иднината на нивната репрезентација, почнувајќи од тоа кој треба да го замени Червар.
Историски „распад“ на Хрватска против Данска, Катар во четврт-финале