Mашката ракометна репрезентација на Македонија го имаше првиот собир за Медитеранските Игри кои ќе се одржат во алжирскиот град, Оран.
Селекторот Кире Лазаров повика 22 ракометари, но четворица го откажаа учеството. На првиот собир не беа присутни голманот Мартин Томовски и Марко Мишевски од Вардар, како и Дејан Манасков кој се подготвува за Ф4 турнирот со тимот на Веспрем. Четвртиот отсутен е пивотот на Тримо Требње, Милан Лазаревски.
Дополнителен повик во репрезентацијата на Македонија добија левиот бек, Теодор Тодески и голманот Иван Галевски и двајцата од РК Алкалоид.
Ракометната репрезентација на Македонија на Медитеранските Игри се наоѓа во групата Б со селекциите на Шпанија, Алжир, Турција и на Грција.