Руското десно крило на Вардар, Данил Шишкарев ќе ја продолжи кариерата во Веспрем, потврди унгарскиот клуб, додавајќи дека тој потпишал двегодишен договор и таму ќе работи со својот поранешен тренер Давид Дејвис.
Шишкарев дојде во Вардар од Чеховски медведи, а со „црвено-црните“ освои две титули од Лигата на шампионите, пет национални шампионати и три трофеи од СЕХА-лигата.
Дека во Веспрем работат на формирање на тим кој конечно ќе ја освои Лигата на шампионите покажува и потврдениот трансфер на уште еден поранешен вардарец, Хорхе Македа, кој доаѓа од Пик Сегед.
Со неговиот трансфер уште повеќе ќе се зголемат шпекулациите околу иднината на РК Вардар и спонзорирањето од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.
Official Announcement: Daniil Shishkarev
Read more on the link below.#RedUnited https://t.co/O2jm9xdQLa pic.twitter.com/5sXH1pH95s— VeszprémHandballTeam (@telekomveszprem) January 29, 2020
Official Announcement: Jorge Maqueda
Read more on the link below.#RedUnited https://t.co/PZcjZcRt4E pic.twitter.com/ZZQE4vuAcC— VeszprémHandballTeam (@telekomveszprem) January 29, 2020