Top Sport

ДР Конго испадна, но Мвумби ги освои срцата – прогласен за играч на натпреварот

Демократска Република Конго го заврши својот деби настап на еден ракометен Мундијал со три порази во три меча, но ги освои срцата на навивачите најмногу поради својот „Ел гиганте“, огромниот пивот Готие Мвумби Тјери, кој донесе една поинаква димензија (во секој начин) во ракометната игра.

Мвумби, кој игра во француската четврта лига, дури беше прогласен за играч на натпреварот против Бахреин, така крунисувајќи го настапот на шампионатот во кој постигна 13 гола од 14 обиди, беше енигма за противничките одбрани, и во исто време стана мини-ѕвезда добивајќи повик и од Шекил О’Нил.

Големиот Шек го поздрави големиот Мвумби!

Ракометарот од ДР Конго кој стана атракција на СП

Scroll to Top