Хрватскиот пикер 27-годишниот Тео Чориќ е нов ракометар на Металург. Играќот кој е висок 197 сантиметри и тежок 120 килограми е експерт за играта во одбрана.
Чориќ, кој во својата кариера настапувал во Замет, Пореч, Загреб и Штутгарт, последните две сезони ги мина во екипата на Рајн Викинг, во втората Бундес лига.
Чориќ важи за одличен дефанзивен играч и ќе има голема улога во дефанзивната формација на Металург.
Металург и Чориќ договориле 18-месечна соработка. На новите соиграчи Чориќ ќе им се приклучи на 15 февруари.