Еурофарм Пелистер стигна до 25:23 (13:10) победа над повратникот во СЕХА лигата, Партизан од Белград, расипувајќи им го камбекот на српскиот тим во регионалното натпреварување.
Битолскиот клуб беше подобар во првото полувреме одвојувајќи се за 6:11 водство по 23 минути игра, пред српскиот клуб да намали на -3 на полувреме (13:10). Во второто полувреме, Партизан направи камбек и успеа да израмни на 20:20, пред Елмир Граѓан со два гола да ја врати предноста на македонскиот клуб, која ја заддржаа до крајот.
Матео Мараш со 7 гола беше најефикасен кај Пелистер, Граѓан додаде пет, додека кај Партизан, Никола Зечевиќ и Алекса Максиќ имаа по пет постигнати гола.
Фото: СЕХА лига