Филип Кузмановски официјално повеќе не е играч на ракометниот клуб Металург. Сега веќе поранешниот капитен и клубот од Автокоманда договориле спогодбен раскин на договорот, со кој Кузмановски беше врзан за клубот до јуни 2019 година.
Кузмановски реши да замине, бидејќи клубот му немал исплатено неколку плати. Поднел барање за раскин на договорот до ракометната федерација на Македонија, кој бил одобрен, а потоа се договорил и со клубот за спогодбен раскин на договорот.
„Искрено мислам дека одлуката што ја донесе не е добра за него. Кузмановски тука има минутажа. го гледам ова од друг агол.Сакам тој да го покаже најдоброто на Светското првенство. Сега кога замина мислам дека ќе му биде тешко бидејќи нема да има доволно квалитетни натпревари“, изјави на денешната прес конференција во пресрет на дуелот, во СЕХА лигата, против екипата на Нексе, тренерот на Металург, Данило Брестовац.
Од моментот кога стана јасно дека Кузмановски ќе го напушти Металург, тој добил неколку интересни понуди од странство, а ја прифатил таа на Еурофарм Работник.
фото: Еурофарм Работник