Франција покажа дека нема лесно да се откаже од титулата светски првак во ракомет, откако во првиот меч од втората фаза на СП во Германија и Данска со 33:30 беше подобра од актуелниот европски шампион, Шпанија.
Во меч во кој откако поведоа со 1:0, ниту еднаш не го предадоа водството, Французите покажаа дека ќе одат барем на полуфинале во групата Е, каде што уште ги очекуваат мечевите со Хрватска и Исланд. За Шпанците со овој пораз речиси сигурно полуфиналето останува само сон.
Дика Мем и Лудовик Фабрегас имаа по пет гола за „триколорите“, додека на Шпанија не им помогна ниту деветте гола на Феран Соле. На голот на Франција исто така блескаа Винсен Жерар и Сирил Думулан.
Во групата Ф, Швеѓаните продолжија со победничката низа, откако лесно со 35:23 го победија Тунис благодарение на седумте голови на Нилсон и Екберг.
СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 2.ФАЗА, 1.КОЛО
ГРУПА Е
Франција – Шпанија 33:30 (17:15)
Германија – Исланд 20.30 ч.
Табела: 1.Франција 5, 2.Хрватска 4, 3.Германија 3, 4.Шпанија 2, 5.Исланд 0, 6.Бразил 0
ГРУПА Ф
Тунис – Шведска 23:35 (14:19)
Данска – Унгарија 20.30 ч.
Табела: 1.Шведска 6, 2.Данска 4, 3.Норвешка 2, 4.Унгарија 1, 5.Египет 1, 6.Тунис 0