Top Sport

Французите ја „торпедираа“ Србија, Данците и Шпанците со тешки победи

Француската ракометна репрезентација покажа дека уште еднаш е фаворит за медал на Европското првенство овој месец, откако во пријателски меч на турнирот „Златна лига“ на домашен терен со 40:26 (22:13) ја декласираше репрезентацијата на Србија.

Во вториот меч од „Златната лига“ во Франција, во скандинавското дерби, Данска со 28:26 (15:12) беше подобра од Норвешка во драматичен меч кој беше одлучен во финишот.

Данците имаа 15:12 предност на полувреме, но по голем број на грешки, Норвежаните поведоа со 17:16 на стартот на второто полувреме. По ова се играше гол-за-гол, пред по едно исклучување на Сандер Сагосен, Данците преку Јохан Хансен да стигнат до победата.

Носителите на европската титула, Шпанците, пак, се намачија во првото полувреме, но со 28:22 (17:17) ги совладаа соседите Португалија на интернационалнио турнир Барсенас.

Португалците уште еднаш покажаа дека стануваат сила во ракометот и на клупски и на репрезентативен план, но во второто полувреме тимот на Жорди Рибера ја покажа силата, посебно во одбраната и стигна до победа.

Најефикасни за Шпанците беа поранешните вардарци, Македа (6) и Алекс Душебаев (4), додека Коралес на голот имаше 31 одбрана. Во вториот меч на овој турнир, Русија со 30:25 ја победи Полска.

Босна и Херцеговина пак, загуби добиен меч, откако од предност од 24:21 на 12 минути пред крајот, на крајот во Пореч загуби со 30:27 од репрезентацијата на Катар. Марко Паниќ имаше пет гола, Никола Прце четири, додека Капоте и Марцо за Катар имаа по седум голови.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Шпанија – Португалија 30:25 (17:17)

Русија – Полска 30:25 (15:14)

Данска – Норвешка 28:26 (15:12)

Франција – Србија 40:26 (22:13)

Тунис – Холандија 30:29 (12:13)

Босна и Херцеговина – Катар 27:30 (15:13)

Швајцарија – Украина 32:22 (20:11)

 

Scroll to Top