Ко-домаќините на Светското првенство во ракомет имаа совршен старт на Мундијалот, откако Германија со 30:19 ја „растури“ Кореја во првиот меч од групата А во „Мерцедес Бенц“ арената во Берлин.
Германците ја преземаа контролата на мечот од почетокот и веќе на полувремето имаа предност од седум голови (17:10), за на крај да стигнат до рутинска победа за отварање на тешката група А, во која ќе се борат со Франција, Русија, Србија и Бразил за пласман во наредната рунда.
Незапирливиот Уве Генсхајмер имаше седум гола за „маншафт“, додека по четири додадоа Фат, Колбахер и Пекелер. Кај Корејците Канг Тан и Џанг Донг-Хјун имаа по четири гола.
Фото: ЕПА