Германија не успеа да освои медал на неодамна завршеното Европско првенство во ракомет поради што селекторот Кристијан Прокоп доби отказ.На шампионатот во Австрија, Норвешка и Шведска селекцијата на германија го освои петтото место.
Германија во иднина ќе ја предводи Исланѓанецот Алфред Гисласон. Прва цел на 60 годишниот тренер ќе биде да избори пласман со Германија на Олимписките игри во Токио.
Германците се домаќини на групата во Берлин преку која најдобрите две селекции ќе се пласираат на ОИ. Противниците на Германија ќе бидат селекциите на Словенија, Шведска и Алжир.