Top Sport

Холанѓанките ја декласираа Црна Гора и ги задржаа шансите да играат за петто место на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Холандија убедливо ја победи Црна Гора (42:25) и остана во игра за натпревар за петтото место на Европското првенство што може да донесе и настап на следното Светско првенство.

Сега Холанѓанките треба да чекаат победа на Франција против Шпанија за да играат за петтото место на ЕП.

Црногорките на овој меч ги одморија своите најдобри ракометарки затоа што веќе се пласирани ви полуфиналето.

Смитс кај Холандија беше најефикасна со седум гола, пред Ван Дер Хајден со шест. Јауковиќ беше убедливо најдобра на теренот, постигнувајќи 11 гола за Црна Гора.

Шведска ја победи Хрватска со 31:27 и ќе игра дефинитивно за петтото место на ЕП 2022. Хагман со осум гола беше најефикасна во победничката селекција.

Scroll to Top