Top Sport

Суси успешно опериран во Тунис

Македонскиот вицепрвак Пелистер информираше дека ракометарот Мохамед Суси имал успешна операција на коленото. По ова го очекува подолга пауза од ракометните терени.

Суси имал операција во Тунис, која поминала во најдобар ред. Неговото враќање во тимот се очекува на јануарските подготовки.

„Овој зафат беше неопходен за левиот бек да ги отстрани проблемите со повредата која ја влече подолг период. Оперативниот зафат во родниот Тунис мина во најдобар ред и наскоро Суси ќе го започне рехабилитациониот период. Искусниот бек ќе ги пропушти преостанатите четири натпревари од Европската лига и групата Б на Суперлигата до крајот на годината. Негово враќање се очекува на почетокот на јануарските подготовки за вториот дел на сезоната. На терените Суси предвидено е да заигра на пролетните натпревари во домашните и интернационалните натпреварувања“, се вели во соопштението на Пелистер.

Scroll to Top