Top Sport

Хрватите со пола сили до драматична победа над Чешка (видео)

Со сигурно место во полуфиналето, хрватскиот селектор Лино Червар реши да го одмори повредениот Лука Циндриќ и со „преполовен“ тим да стигне до победа од 22:21 над Чешка, обезбедена со гол во последната секунда од мечот.

По израмнетиот старт на мечот, Чесите успеаја да дојдат до предност од 6:5, но потоа следуваше одлична низа на хрватските ракометари за на полувреме да се отиде со предност од два гола 11:9. Иако резултатот не беше најважен, Чесите не се предаваа и во текот на целото второ полувреме остануваа на гол разлика, за на крајот Војчех Пацел да израмни на 21:21 во последната минута, пред Лука Степанчиќ вна три секунди пред крајот од мечот да ја донесе победата на „Каубојците“.

Марко Мамиќ беше најефикасен кај Хрватска со пет гола, додека Степанчиќ, Мариќ и Мандиќ имаа по три, додека за Чешка, ветеранот Ондреј Здрахала постигна седум гола.

Во групата 1, Шпанија во 18.15 часот ќе се обиде да го обезбеди второто место во полуфиналето, за што им е потребно само да не загубат со шест гола разлика од аутсајдерот Белорусија.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ

ГРУПА 1

Хрватска – Чешка 22:21 (11:9)

Белорусија – Шпанија 18.15 ч.

Австрија – Германија 20.15 ч.

Табела: 1.Хрватска 8, 2.Шпанија 6, 3.Германија 2, 4.Австрија 2, 5.Белорусија 2, 6.Чешка 0

Scroll to Top