Top Sport

Хрватките без милост против Србинките, Црна Гора ја исфрли Словенија

По двата „балкански“ дуели во третото коло на Европското првенство во ракомет во Данска и Норвешка, Хрватска не покажа милост кон Србија, стигнувајќи до третата победа во три меча за максимален учинок, додека Црна Гора во директен дуел со тесна 26:25 победа ја елиминираше Словенија.

Хрватките, кои беа апсолутни аутсајдери во групата Ц, претходно стигнаа до изненадувачки победи над светските шампионки Холандија и Унгарија, и сега го обезбедија првото место на табелата и максимални 4 поени во втората фаза со 25:24 победата над Србинките, кои сега ќе мораат да почекаат на мечот Холандија-Унгарија за да видат дали ќе им се приклучат во втората фаза. Во случај Холандија да ја победи Унгарија, Србија е елиминирана.

Србинките одиграа подеднакво со Хрватките во првото полувреме, по што во второто имаа и два гола предност, но потоа дојде фаза во која 10 минути не постигнаа гол, дозволувајќи Хрватска да се одвои. Во финишот на мечот, Србија имаше шанса да избори реми и пласман, меѓутоа никој не презеде одговорност.

Црна Гора пак во директен дуел со 26:25 ја победи Словенија изддржувајќи го камбекот на противничките откако имаа 15:9 предност на полувреме. Јованка Радичевиќ беше најдобрата во мечот со 9 постигнати голови.

ГРУПА А

Црна Гора – Словенија 26:25 (15:9)

Франција – Данска 20.30 ч.

Табела: 1.Данска 4, 2.Франција 4, 3.Црна Гора 2, 4.Словенија 0

ГРУПА Ц

Србија – Хрватска 24:25 (14:14)

Холандија – Унгарија  20.30 ч

Табела: 1.Хрватска 6, 2.Унгарија 2, 3.Србија 2, 4.Холандија 0

Scroll to Top