Top Sport

Исланд без мака против Грците, Црногорците едвај со реми против Фарски Острови

Македонија утре ги стартува квалификациите за Европското првенство во ракомет во 2020 година, кога во Битола ќе ја пречека Турција, додека голем број на репрезентации уште денеска го отворија натпреварувањето.

Во нашата група 3, фаворизираните Исланд немаа проблем со репрезентацијата на Грција и стигнаа до убедлива 35:21 победа, со која покажаа дека ќе се нашиот најсериозен ривал за првото место во групата.

И на дел од другите натпревари имаше вакви еднострани резултати – Полска го „понижи“ Косово со 37:13, Русите отидоа на +14 против Италија (34:20), а и Германците не го штедеа Израел (37:21).

Сепак, дел од репрезентациите доживеаја незгодни резултати. Црна Гора губеше со неверојатни пет гола разлика дома од Фарските Острови пред да се врати за 24:24 реми, додека и на Србите не им тргна најдобро, откако пропуштија победа дома против аутсајдерот Белгија (27:27).

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2020

ГРУПА  1

Германија – Израел 37:21 (19:9)

Полска – Косово 37:13 (15:5)

ГРУПА 2

Србија – Белгија 27:27 (15:14)

Хрватска – Швајцарија, утре, 20.15

ГРУПА 3

Исланд – Грција 35:21 (17:13)

Македонија – Турција, утре, 20.15

ГРУПА 4

Словенија – Летонија 27:21 (14:7)

Холандија – Естонија, утре, 19.30

ГРУПА 5

Чешка Република – Финска 31:27 (15:12)

Белорусија – Босна и Херцеговина, утре, 18.00

ГРУПА 6

Португалија – Романија 21:13 (10:7)

Франција – Литванија, утре, 20.30

ГРУПА 7

Русија – Италија 34:20 (18:7)

Унгарија – Словачка 30:22 (16:9)

ГРУПА 8

Црна Гора – Фарски Острови 24:24 (10:15)

Данска – Украина 30:24 (12:12)

Scroll to Top