Top Sport

Исланд се раздели со селекторот Гудмундсон

Репрезентацијата на Исланд остана без селектор откако беше договорено раскинување на соработката со Гудмундур Гудмундсон. Oваа информација ја потврди и Ракометната федерација на Исланд, со напомена дека двете страни се согласиле за разделба и дека повеќе нема да го коментираат овој случај.

Има само една причина за отказот на Гудмундсон, а тоа е лошото издание на Исланд на последното Светско првенство во ракомет.

Гудмундсон во три наврати ја водеше исландската репрезентација, а селектор на оваа земја беше вкупно 14 години, при што како посебен успех се истакнува сребрениот медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Исландскиот стручњак е единствениот тренер кој успеал да одведе две различни нации во финалето на Олимписките игри. Покрај среброто со репрезентацијата на Исланд во 2008 година, тој го освои и златниот медал во Рио со Данска во 2016 година.

Scroll to Top