Top Sport

Кире ги испочитува Египќаните, тие ја испочитуваа Македонија

Откако Кирил Лазаров, македонскиот капитен, за разлика од другите (да кажеме „разгалени“) ракометни ѕвезди, одби да учествува во групната критика на организаторите на Светското првенство во ракомет во Египет, велејќи во интервјуто за официјалниот веб-сајт дека нашите ракометари се „презадоволни“ и дека мора да се пофалат организаторите, тие вратија со интересна низа на постови на нивниот официјален Твитер профил откако Македонија влезе во втората рунда.

Очигледно наоѓајќи некој кој го познава македонскиот јазик (можеби нивниот селектор Парондо?), тие ја одбележаа квалификацијата на Македонија со три поста, еден неизбежно со Кире, еден со прославата на нашите ракометари, а еден со фото-галерија со убаво напишано „КВАЛИФИКАЦИЈА = ✅“. Секоја чест!

Лазаров нема критики за Египет: Ние сме задоволни, мора да се пофалат организаторите

Scroll to Top