Top Sport

Ко-домаќините Данска и Германија со убедливи победи

Германија и Данска, ко-организаторите на Светското првенство во ракомет, остварија важни победи во своите групи за да направат чекор кон полуфиналето на Мундијалот.

Данска направи предност во првото полувреме против Унгарците, кое на крај го заддржа за 25:22 (15:10) победа со која тие заедно со нордиските ривали Шведска остануваат на врвот на табелата во групата Ф со по шест поени.  Микел Хансен ги предводеше Данците со седум гола, а Лауге додаде пет, додека кај Унгарците Золтан Сита имаше пет голови.

Германците во Келн пак, со 24:19 го победија Исланд за да се промовираат покрај Французите и Хрватите како фаворити за полуфинале во групата Е. Штефан Фет беше најефикасен со шест голови, додека незаменливиот Уве Генсхајмер додаде пет.

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 2.ФАЗА, 1.КОЛО

ГРУПА Е

Франција – Шпанија 33:30 (17:15)

Германија – Исланд 24:19 (14:10)

Табела: 1.Франција 5, 3.Германија 5, 2.Хрватска 4, 4.Шпанија 2, 5.Исланд 0, 6.Бразил 0

ГРУПА Ф

Тунис – Шведска 23:35 (14:19)

Данска – Унгарија 25:22 (15:10)

Табела: 1.Данска 6, 2.Шведска 6, 3.Норвешка 2, 4.Унгарија 1, 5.Египет 1, 6.Тунис 0

Фото: ЕПА

Scroll to Top