Вардар успеа да го „фрли во вода“ фантастичното прво полувреме во кое Мартин Томовски блесна на голот, а Тимур Дибиров даде седум гола, за несфатливо да го загуби мечот со Кил со 26:29 за трет пораз во низа во ЕХФ Лигата на шампионите.
Користејќи го искуството на двете први ѕвезди на Кил, Сандер Сагосен и Штефен Вајнхолд, кои имаат КОВИД, „црвено-црните“ имаа супер прво полувреме. Томовски одбрани 10 од 20-те удари на неговиот гол, а Дибиров повторно доминираше во нападот, за предост од три гола, 13:10 по првите половина час.
Во второто полувреме, Вардар го оддржуваше темпото до 18:15, по што европските шампиони од 2020, предводени од Домагој Дувњак постигнаа пет гола без одговор, за да дојдат до водство од 20:18, кое не го испуштија до крајот на мечот.
Дибиров заврши со 10 гола, Домагој Дувњак имаше седум за Кил.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО
ГРУПА А
ППД Загреб – Монпелје 22:25 (13:12)
Вардар – Кил 26:29 (13:10)
Фото: ЕХФ