Репрезентативецот на Македонија во ракомет Филип Кузмановски од наредната сезона ќе го носи дресот на Хановер. Тиражниот спортски медиум „Билд“ пред неколку дена најави дека Кузмановски ќе го напушти Магдебург и ќе се пресели во Хановер.
Кузмановски во Хановер ќе го замени 35 годишниот Данец Олсен кој по завршувањето на сезоната ќе се пресели во ГОГ Гудме.
Според информациите Кузмановски со Хановер потпишал три годишен договор.
Хановер ќе биде петтио клуб во кариерата на 23 годишниот ракометар, тој претходно настапувал за Пелистер, Металург, Еурофарм Работник и Магдебург.