Top Sport

Лазаров: Групата е екстремно тешка, но надеж секогаш постои

По одредувањето на групите на Европското првенство во ракомет во 2024 година во Германија, каде што Македонија доби фантастично тешка група со домаќинот, Франција и Швајцарија, македонскиот селектор Кирил Лазаров вели дека не треба да се очајува, туку да се соочиме со најдобрите светски ракометни репрезентации.

„Добивме екстремно тешка група. Ќе работиме напорно да го кренеме нашето ниво дотогаш за да можеме достоинствено да се бориме со светските ракометни велесили. Ќе звучи нескромно да сме оптимисти во ваква група, но надежта никогаш не треба да ја губиме. Ќе биде потребно жртвување и посветеност да се направи конкурентна нова репрезентација со смена на генерциите. Верувам во момците и во нашата работа“, изјави Лазаров.

Scroll to Top