Top Sport

ЛШ: Кјелце ја запиша првата победа оваа сезона

Полскиот фаворит Виве Кјелце стигна до 26:23 победа над Пик Сегед во првиот меч од второто коло во ЕХФ Лигата на шампионите, опоравувајќи се од драматичниот пораз од Флензбург во првото коло во групата А, каде што е и македонскиот шампион Вардар.

Работата беше завршена во првото полувреме кое го добија со 12:7, уништувајќи го унгарскиот тим посебно во одбраната. Иако во второто полувреме Сегед успеа да се врати во игра, на крајот Кјелце им го нанесе првиот пораз во првиот меч за унгарскиот вице-шампион.

Поранешниот вардарец, Алекс Душебаев беше фантастичен за Кјелце со осум гола, додека и кај гостите најефикасен беше поранешен играч на македонскиот клуб, ветеранот Жоан Канељас со 11 постигнати голови.

Во групата Б, данскиот Алборг немаше проблеми со Мотор Запорожје стигнувајќи до убедлива 38:29 победа.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Алборг – Мотор Запорожје 38:29 (17:13)

Виве Кјелце – Пик Сегед 26:23 (12:7)

Scroll to Top