Нант имаше предност од два гола на полувреме, но на крајот загуби со 24:25 (14:12) од расположените Кјелце во првиот меч од осминафиналето на ЕХФ Лигата на шампиони.
Македонскиот селектор и капитен, Кирил Лазаров беше најефикасен за францускиот клуб со пет гола, колку што имаше и Драган Пешмалбек, додека од другата страна поранешниот вардарец, Алекс Душебаев имаше шест постигнати голови.
Во првиот меч од денешните дуели од осминафиналето, актуелниот шампион, Кил имаше убедлива победа од 33:28 на гости кај Пик Сегед. Вардар својот прв меч против Веспрем го игра утре.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ
Пик Сегед – Кил 28:33 (13:21)
Нант – Кјелце 24:25 (14:12)