Top Sport

ЛШ: Вардар со многу среќа извлече победа на жешкото украинско гостување

Мотор Запорожје, клубот кој успеа да го совлада Вардар во СЕХА лигата, и овојпат го намачи европскиот шампион, но „црвено-црните“ на крајот се враќаат со победа од 31:30 од Украина, во меч во кој противникот успеа да даде гол, за среќа по истекот на регуларните 60 минути.

Домашната предност и цврстата игра во одбраната им донесе на Мотор водство од два гола на полувреме (18:16), а во текот на целото второ полувреме се играше израмнето, пред во финишот, Вардар да стигне до предност која ја заддржа и го имаше последниот напад со гол предност, пред украинскиот тим да ја украде топката и да постигне гол, кој сепак, судиите не го признаа поради истекот на времето.

Ова е трета победа во првите три кола во Лигата на шампионите, по која се на првото место во групата Б со шест поени пред Кил со пет и единствен во групата со максимален учинок.

Најрасположени за игра беа Тимур Дибиров со 9 гола и Даинис Криштопанс со 8, додека Калараш уфрли 5.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Целје – Алборг 28:29 (14:10)

Мотор Запорожје – Вардар 30:31 (18:16)

Scroll to Top