Мешков Брест стигна до 29:24 (14:12) победа над ППД Загреб во мечот за третото место во СЕХА лигата и по третпат во својата историја завршија на оваа позиција, чекајќи го својот прв трофеј во регионалното натпреварување.
Ракометарите на белорускиот клуб полесно го надминаа полуфиналниот пораз од Веспрем, отколку Загреб по пенал-драмата со Вардар, и направија предност од два гола на полувреме (14:12). Хрватскиот клуб имаше подобар старт на второто полувреме и на десет минути пред крајот успеа да израмни на 21:21, пред Мешков да избега со победата.
Андреј Јуриник со седум гола и Микита Ваипалу со шест беа најефикасни кај Мешков, додека Немања Обрадовиќ беше најдобар за Загреб со пет гола.
Фото: СЕХА лига