Top Sport

Митревски: Не сме толку слаби за да губиме по 10 гола разлика од секого

Ракометната репрезентација на Македонија со три убедливи порази го заокружи групниот сегмент од Светското првенство и сега патува за Плоцк каде што биде дел од „Президент куп“ и ќе игра со репрезентациите на Алжир, Мароко и на Тунис.

Лоши изданија имаа македонските ракометари на сите три натпревари, а голманот Никола Митревски вели дека добро да се анализираат настапите, затоа што Македонија според квалитетот не е толку инфериорна за да губи со 10 голови разлика.

„Треба да анализираме, да видиме зошто одигравме вака како што одигравме. Ние не сме толку слаби за да губиме по 10 гола разлика од секого“, изјави капитенот на репрезентацијата, голманот Никола Митревски.

Првиот меч од разигрувањето во „Президент куп“, Македонија ќе го игра против Алжир.

Scroll to Top