Top Sport

Младите ракометарки поразени и од Исланд

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години го претрпе шестиот последовен на Европското првенство во Романија, откако денеска загуби од Исланд со 29:35. По ова, младите ракометарки ќе играат за избегнување на последното место со поразената селекција од дуелот меѓу Србија и Хрватска.

Исланд поведе на стартот со 5:1, но Македонија искористи неколку грешки на ривалот и направи пресврт (6:7). Сепак, Исланѓанките на одмор заминаа со предност од пет гола (20:15). На крајот и славеа убедлив триумф.

Анастасија Трпеска беше најефикасна во составот на Македонија со шест гола, додека по пет гола постигнаа Стефаноска и Јанкуловска.

Ембла Стејндорсдотир со 11 гола беше незадржлива за одбраната на Македонија.

 

Scroll to Top