Специјализираниот ракометен портал „Handbollskanalen“, повикувајќи се на свои извори во обложувалниците, објави дека бил наместен најмалку еден натпревар во Лигата на шампионите.
Спорниот натпревар бил одигран есента во 2021 година. Порталот не наведува за кој натпревар станува збор, само наведува дека се случувале чудни работи.
Коефициентот за победа на домашниот тим драстично паднала за само 20 минути, и покрај тоа што немало информации дека гостите имаат проблеми со повредите или дека натпреварот ќе го играат со резервниот тим.
Исто така, пред почетокот на натпреварот, била поместена границата за хендикеп, од 2,5 на 5,5. Значи домашниот тим морало да победи со шест гола разлика, за да биде чиста победата во обложувалниците.
Гостите парирале до полувремето, но во второто полувреме домашниот тим стигнал до потребната разлика од шест гола.
Порталот, наведува дека во второто полувреме биле забележано 19 сомнителни ситуации. Гостите оделе од грешка во грешка. Сомнителни биле додавањата кога гостите напаѓале, лошото трчање во фазата на одбрана, сомнителен бил и тај-аутот, бидејќи бил побаран кога гостите ја топеле предноста на домашниот тим.