Top Sport

Недановски: Малку е поинаква атмосферата по поразот од Алкалоид, но сакаме триумф над Војводина

Ракометниот првак Вардар првиот четвртфинален дуел од СЕХА лигата ќе го одигра против Војводина на домашен терен. „Црвено-црните“ продолжуваат со згуснатиот распоред, па по трите натпревари за шест дена во домашното првенство сега доаѓаат плус дополнителни два од регионалната лига.

Средбата со Војводина е закажана за 6 април во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.

„Тоа е важен меч за нас. Ние се подготвуваме за Војводина, а и не размилсуваме за тоа со каков состав тие ќе дојдат. Малку е поинаква атмосферата сега по последниот пораз во домашното првенство, но до четврток ќе успееме да се вратиме на старите победнички патеки.

Војводина доминира во српското првенство, и игра во полуфиналето на европските купови. Имаа одлични мечеви со Нексе и со Еурофарм Пелистер и победија со висока разлика, и тоа е доказ дека се добар тим. Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбана. Не ни значи дали играме прво дома, па во гости. Некогаш е добро што дома играш прво бидејќи ќе го знаеме исходот, но сепак се играт 120 минути.

Имаме неколку повредени играчи, ќе се потрудиме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред, бидејќи имаме натпревари и во првенство, куп и СЕХА лигата“, изјави тренерот на РК Вардар, Владо Недановски.

Scroll to Top