Top Sport

Никола Митревски со јубилеен настап во дресот на Порто

Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски, одбележа голем јубилеј во тимот на Порто. Голманот на португалското дерби против Бенфика го запиша 100. настап во дресот на Порто.

Неговиот тим го доби мечот со 33:29 и се зацврсти на втората позиција на табелата, веднаш зад Спортинг Лисабон кој има перфектен ефект по осум кола.

Порто на Никола Митревски му понуди нов договор со важност до 2024 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Porto Sports (@fcportosports)

Scroll to Top