Top Sport

Швајцарците се преплашија поради замената на Џака

Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака предвреме го напушти натпреварот на Арсенал против Вулверхемптон. Тој беше заменет од Фабио Виеира во 16. минута.

Швајцарците се многу загрижени со оглед дека тој треба да биде еден од носителите на играта на националниот тим на Светското првенство. Сепак, се работи за вирус, а не за класична спортска повреда.

„Не се чувствуваше добро. Имаме неколку момци со стомачни проблеми. Мило ми е што се прилагодивме на ситуацијата“, рече тој.

Џака овојпат не издржа ниту до полувремето.

На 24 ноември, Швајцарија го игра првиот натпревар на СП против Камерун.

Scroll to Top