Норвешка се врати со фантастично второ полувреме за да ја шокираат Франција со неверојатна 29:22 победа во финалето во СП во Гранољерс, Шпанија, за своја четврта светска титула, со што се израмнуваат со Русинките како најуспешна женска репрезентација во историјата.
Првото полувреме не ветуваше многу за Норвешка, откако Франција имаше водство во 16:10, кое беше намалено на 16:12 на полувремето, по што во првите дваесет минути од второто полувреме направија целосен пресврт поведувајќи со 26:20! Ова е слатка одмазда за Норвежанките, кои загубија во мечот за злато од „триколорките“ во 2017 година.
Реистад беше најефикасна за Норвешка со шест гола, Нора Морк додаде пет, додека кај Франција најефикасна беше поранешната вардарка Пино со четири гола.
Бронзата на Мундијалот отиде кај Данките, откако во мечот за третото место со 35:28 ја победија Шпанија.
????? Norway were there for their date with history ? They outscore France and become the new world champions, reaching four gold medals in the flagship event ? #Spain2021 #sheloveshandball pic.twitter.com/lq7pSpVq65
— International Handball Federation (@ihf_info) December 19, 2021