Top Sport

Парондо ги однесе Египет до четврт-финале на СП!

Домаќините на Светското првенство во ракомет, Египет се пласираа во четврт-финалето на Мундијалот, откако се вратија од негатива од четири гола во 25:25 реми со Словенија.

Словенците во мечот влегоа без Сташ Скубе, Драган Гајиќ и Блаж Благотиншек поради стомачен вирус, но успеаја да направат предност од два гола на полувреме (14:12).

Сепак, домашните ракометари, под водство на тренерот, поранешниот стручњак на Вардар, Роберто Парондо, успеаја да направат пресврт и да се пласираат во четврт-финалето каде што за второто место од групата 4 вечерва ќе се борат Русија и Шведска во директен дуел.

Во четврт-финалето ќе бидат и Норвежаните, откако успеаја да го совладаат Исланд со 35:32.

СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА

ГРУПА 3

Алжир – Швајцарија 24:27 (13:15)

Исланд – Норвешка 33:35 (18:18)

Португалија – Франција 20.30 ч.

Табела: 1.Франција 8, 2.Норвешка 8, 3.Португалија 6, 4.Швајцарија 4, 5.Исланд 2, 6.Алжир 0

ГРУПА 4

Македонија – Белорусија 26:30 (14:14)

Словенија – Египет 25:25 (14:8)

Русија – Шведска 20.30 ч.

Табела: 1.Египет 7, 2.Шведска 6, 3.Словенија 6, 4.Русија 5, 5.Белорусија 4, 6.Македонија 0

Scroll to Top