Пред расположената публика, Еурофарм Пелистер со фантастично второ полувреме стигна до огромна 30:19 (10:8) победа над АЕК Атина за да го потврдат пласманот во осминафиналето на Европската лига на ЕХФ како второпласирани зад лидерите Ним.
По релативно израмнетото прво полувреме, во второто тимот на Јосип Божиќ доминираше за да стигне до осминафиналето, каде што ги чека хрватскиот Нексе.
Стипе Мандалиниќ беше фантастичен со 7 постигнати голови, а по шест имаа Табоада и Божиќ-Павловиќ, додека за гостите од Грција, Патрик Тонијацо постигна 8 гола.
Фото: ЕХФ