Top Sport

За Раул сè оди според планот

Македонскиот селектор, Раул Гонзалес уште еднаш покажа дека е фантастичен стратег, откако со целосно различна игра успеа да помогне Македонија да ја совлада Црна Гора и да се пласира во втората рунда, со што е остварена првата цел.

„Почетокот не беше најдобар, но на крајот имаме победа и четири бода, така што сè оди според планот. Првото полувреме беше полошо, но во второто бевме одлични и во нападот и во одбраната. До победата стигнавме со трпелива игра и сега одиме понатаму на Германија“, изјави шпанскиот стратег.

Токму Гонзалес беше најзаслужен што Филип Кузмановски беше прогласен за најдобар играч на мечот со пет гола, откако 21-годишниот играч на Металург доби шанса да ги покаже своите квалитети и ја оправда довербата.

„Честитки до Црна Гора за добрата игра и за фер односот. Почетокот на мечот беше во грч, но како што се движеше мечот ги поправивме грешките“, изјави Кузмановски.

Пак финиш за инфаркт, Македонија е подобра и од Црна Гора (видео)

Scroll to Top