Помошникот на Раул Гонзалес во Вардар, Давид Дејвис Камара е нов селектор на ракометната репрезентација на Египет. На клупата на „фараоните“ тој го наследи Марван рагаб, а на функцијата ќе дебитира на Медитаранските игри, што ќе се одржат во Тарагона, Шпанија од 22. јуни до 1.јули.
Давид Дејвис во Вардар пристигна на препорака на Раул Гонзалес во 2014 година. Четири години е „десна“ рака на Раул, со исклучок на еден период од неколку месеци, во сезоната 2016/2017, кога беше прв тренер на женскиот тим.
Инаку, Дејвис Камара со Вардар има договор до крајот на оваа сезона, поради што реална станува опцијата дека и тој ќе има се приклучи на оние што ќе заминат од Скопје.
Од претходно е познато дека наредната сезона во Вардар нема да бидат тренерот Раул Гонзалес, одосно Арпад Штербик, Лука Циндриќ, Жоан канелјас, Хорхе Македа, Мијајло Марсениќ и Илија Абутовиќ.