Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа и втор пораз од Турција во рамките на ЕХФ неделата. Избраничките на Љубомир Савевски во Анкара беа совладани од домаќинот со 31:30. Во четвртокот, на првиот пријателски натпревар, Македонија исто така забележа минимален пораз, 25:24.
Македонските ракометарки подобро го одиграа првиот дел и имаа водство од 17:19, но на крајот сепак доживеаја минимален пораз.
За македонската репрезентација ова беше проверка на силите пред бараж двомечот со Украина за пласман на Светското првенство.