Top Sport

Ракометарките минимално загубија од Норвешка

Женската ракометна репрезентација на Македонија минимално го загуби првиот пријателски натпревар против Б – репрезентацијата на Норвешка со 26:27. Мечот беше затворен за јавноста и се одигра во СЦ „Борис Трајковски“. Вториот натпревар кој ќе биде одигран во сабота од 16 часот ќе биде отворен за публиката.

Македонија по првото полувреме имаше предност од 17:14, но во вториот дел Норвежанките направија пресврт и славеа триумф.

Леонида Гичевска постигна шест гола во селекцијата на Македонија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');