Top Sport

Ракометната Бундеслига воопшто нема да стартува?

Стартот на ракометната Бундеслига може да биде дополнително одложен, откако најголемите клубови сметаат дека нема услови да се започне сезоната во октомври.

Претставниците на Кил и Флензбург преку весникот „Билд“ порачаа дека е прерано да се размислува за рестарт на лигата без навивачи. Марк Вајншток, директорот на Кил тврди дека без гледачи клубот ќе биде во загуба 250.000 евра, огромни пари во светот на ракометот.

Првиот човек на Флензбург пак, Бој Мезенбург изјави дека и покрај тоа што неговите ракометари се согласиле на намалување на платите за 40 отсто, загубите поради тоа што ќе се игра без публика се превисоки.

Можен термин за рестарт е 1 јануари, но со публика на трибините.

Scroll to Top