Top Sport

РК Вардар остана без Јан Чувара

Ракометниот првак Вардар го победи Бутел на гости со 24:30, но остана без крилниот играч Јан Чувара кој го повреди коленото.

Полскиот ракометар во завршница од мечот при еден дуел доби удар во коленото и се повреди. Соиграчите мораа на раце да го изнесат на клупата за резерви за да му биде укажана медицинска помош.

Доколку се покаже дека повредата на Чувара е сериозна, тоа ќе биде голем удар за РК Вардар 1961 во финишот од сезоната кога ќе се решаваат титулите на домашната сцена.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');