Top Sport

Медведев не се шегува – победа над Вавринка за полуфинале во Њујорк!

Фантастичниот САД опен за Данил Медведев продолжува, откако младиот Русин се пласираше во полуфиналето на последниот календарски гренд слем со 7:6(6)/6:3/3:6/6:1 победа над трикратниот гренд слем шампион Стен Вавринка.

Откако успеа да ја изнервира и така нервозната публика на Флешинг Медоуз, тој успеа првпат во кариерата да влезе во полуфинале на еден гренд слем, покажувајќи дека не за џабе му прогнозираат блескава иднина, посебно по трите финалиња во низа пред настапот во Њујорк.

23-годишниот Русин, сега, може да наиде на најголемата пречка досега, Роџер Федерер, кој ќе се бори за пласман во полуфинале со бугарскиот ас Григор Димитров.

Медведев ужива да го мразат во Њујорк

Scroll to Top