На Македонија и остануваат барем уште два натпревари на ракометниот Мундијал по високиот пораз од Хрватска, и не очекуваат два тешки дуели со Шпанија (во среда) и Исланд (во четврток).
Иако очекувањата се токму со Исланд да се бориме за третото место во групата Б и пласман во наредната фаза, Филип Лазаров и Борко Ристовски се согласни дека за стратегијата одлучува само селекторот Раул Гонзалес.
„Против Хрватите бевме во игра до 50 минута, но целосно не одигравме како што треба. Промашувавме зицери, секој направи по некоја грешка, а ни требаше перфектен натпревар каков што одиграа Хрватите. Тие се поквалитетни од нас, но одиме понатаму. Цел останува следната фаза, селекторот ќе реши за стратегијата“, изјави Филип Лазаров по мечот.
Со него се согласува и Борко Ристовски.
„Тие не казнија со полу-контри и контри и лесни голови. Нема многу што да се објаснува, тие се поквалитетни од нас и тоа мора да се прифати, но сега одиме понатаму, и да се обезбеди следната фаза. Промашивме многу лесни шанси. Ја загубивме тактичката битка, но на крајот бевме казнети. Секој натпревар е клучен за нас, селекторот ќе одлучи дали ќе ја нападнеме Шпанија или ќе одиме на дуел со Исланд“, додаде Ристовски.
Фото: ЕПА
Без шанса против силната Хрватска, сега со Исланд на „мегдан“