Репрезентација на Чиле, попладнево, го шокираше ракометниот свет, откако во првиот меч од 2.коло во Ц-групата на Светското првенство, забележа победа над Австрија 32:24.
Чилеанците во четвртокот на отворањето беа прегазени од Данска со 23 гола разлика, против Австрија одиграа брилијантно во второто полувреме, ги искористија сите грешки во играта на противникот и приредија едно од најголемите изненадувања во историјата на светските првенства.
Мечот Чиле го реши на почетокот на второто полувреме кога со серија од пет гола се одлепија на 19:16.
Браќата Фојхтман, Емил и Ервин и пресудија на Австрија. Тие постигнаа 15 од 32. гола на својата репрезентација.
Со оваа победа Чиле си го отвори патот кон втората фаза, за такво нешто ќе им биде потребна победа над Саудиска Арабија или Тунис.
Во А-групата, Русија според очекувањата славеше над Кореја 34:27. Русите вчера ремизираа со Србија (30:30), а против аутсајдерот го забележаа првиот триумф на првенството.
Играчот на Вардар, Шикшарев со седум гола беше најефикасен играч на Русија.