Ракометарите на Алкалоид направија огромна сензација откако го земаа скалпот на актуелниот првак Вардар 1961, совладувајќи го во салата „Автокоманда“ со 22:21. Сега Еурофарм Пелистер повторно е во трка за титулата, а и Алкалоид покажа дека може да се вмеша во триото и да ги победува фаворитите.
Првенството во ракометната Суперлига ќе биде уште повозбудливо до крајот, затоа што и Еурофарм Пелистер ќе треба да му гостува на Алкалоид, а на крајот Вардар, кој во СЦ „Јане Сандански“ победи убедливо, ќе треба да оди на мегдан и во Битола.
Фото Игор Паневски