Македонските херои, ракометарите на Вардар, по триумфалниот настап во Келн денеска се враќаат во Скопје.
Првичните планови тие да се вратат со редовна линија, како што и заминаа за Келн, отпаднаа, бидејќи за европските шампиони ќе биде организиран чартер-лет. Тоа значи дека наместо во 23:55, Карачиќ, Милосављев, Криштопанс, Дибиров, Мораеш, Скубе, Чупиќ, Стоилов, Шишкарев, Дисингер и останатите херои во Скопје треба да слетаат после 18 минута.
Вардар, вчера во Келн, успеа втор пат во последните три години да ја освои европската титула. Во финалето Вардар го порази Веспрем со 27:24.
foto/epa