Слично како и на минатогодишното Европско првенство во Хрватска, шпанскиот селектор Жорди Рибера беше приморан да го повика назад во репрезентацијата поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик, кој треба да биде „спасител“ на надежите за СП во Германија и Данска.
Рибера беше приморан да го врати ветеранот откако на првиот голман Родриго Коралес му падна рекламно пано на ногата на тренинг и тој нема да биде во можност да настапува на шампионатот. Покрај Штербик, Шпанците го имаат и својот прв голман Перез де Варгас.
Штербик минатата година откако две години отсуствуваше од шпанската репрезентација беше вратен на шампионатот и беше најзаслужен за победите на „фуријата“ над Франција и Шведска за европската титула. Против Французите одбрани три пенали, а во финалето против Шведска имаше осум одбрани за големиот трофеј.
Фото: ЕПА
Sterbik y Goñi sustituyen a Corrales y Dani Dujshebaev en los ‘Hispanos’: El guardameta Arpad Sterbik y el lateral izquierdo Iosu Goñi sustituirán al lesionado Rodrigo Corrales y a Dani Dujshebaev, respectivamente, para el partido de este sábado ante… https://t.co/O2K9IkMADu pic.twitter.com/DJBXQavJME
— ArchieSport (@ArchieSport) January 19, 2019