Foto/ EPA
Завршени се сите натпревари од првата фаза на Европското првенство во ракомет. Најголемата сензација ја приреди Австрија, која успеа да ја елиминира Шпанија.
Австрија и Шпанија одиграа 33:33 во последниот натпревар во Б групата. Херој на Австријците е поранешниот играч на Металург, Божовиќ, кој го израмни резултатот на четири секунди до крајот на мечот. Кај Австрија Билик се истакна со осум гола. Тарафета постигна еден помалку против Шпанија, исто како и Гомез.
Шпанија за прв пат од 2002 година не успеа да се пласира во главната фаза.
Од оваа група понатаму продолжуваат Хрватсак и Австрија, во новоформираната група двете репрезентации носат по еден бод.
Во А групата, се одигра дербито меѓу Германија и Франција. Французите славеа со 33:30 и го освоија првото место во групата пред Германија, Македонија и Швајцарија.
Победник во Ц групата е Унгарија која забележа три победи. Во последното коло Унгарците го совладаа Исланд со 33:25. Овое две селекции продолжуваат понатаму во главната рунда.